Мирор открива дека Ерик тен Хаг подготвува мала чистка во Манчестер јунајтед по крајот на сезоната и на продажба се ставени шест фудбалери помеѓу кои и капитенот Хари Мегваер.
Категорија: Англија 06.02.2023 19:04
„Ѓаволите“ минатото лето потрошија преку 200 милиони евра на засилувања, но во јануари Ерик тен Хаг беше приморан да ги „крпи дупките“ со позајмици.
Со цел да се приберат пари за нови играчи, Ерик тен Хаг подготвуа мала чистка на Олд Трафор и шест фудбалери се ставени на продажба.
Нов клуб ќе се бара за Хари Мегваер, Антони Марсијал, Дони ван де Бек, Скот Мектоминеј, Алекс Телеш и Ерик Баји.
За ангажман на овие фудбалери, Манчестер јунајтед изминативе години инвестираше околу 240 милиони евра, но тешко дека сега може да ја поврати целата сума.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.