24фудбал

Манчини додека бил тренер на Сити добивал поголема плата од Ал Џазира и тоа за четири дена работа во годината!

Откако Премиерлигата објави дека е покренато обвинение против Манчестер Сити за прекршување на правилата за Финансиски фер-плеј, медиумите потсетија на сомнителниот договор на Роберт Манчини со „граѓаните“.

Англија

Премиерлигата денеска го обвини Манчестер Сити дека во повеќе од 100 наврати ги прекршил правилата за ФФП, ова е резултат на истрага која траеше со години а почна со помош на документите од „Фудбал Ликс“.

Еден од спорните моменти е договорот на Роберто Манчини, кој беше тренер на „граѓаните“ од 2009 до 20103.

Италијанецот со Манчестер Сити имал договор со основна плата од 1,45 милиони фунти по сезона, плус бонуси и плус премии. Но стратегот имал уште еден договор со Ал Џазира од Абу Даби, според кој добивал 1,75 милиони фунти годишно и тоа бил обврзан да работи само четири дена во годината.

Според документите од „Фудбал Ликс“, имало вербален договор според кој компанијата која го поседува Манчестер Сити, оваа сума ќе ја исплати на Ал Џазира, а клубот потоа ќе му ги префрли парите на Роберто Манчини преку оф-шор компанија.

Останува да се види дали Премиерлигата има доволно докази за Манчестер Сити да биде прогласен за виновен и каква казна би добиле „граѓаните“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.