24фудбал

Лидс му даде на тренерот да потроши речиси 100 милиони евра во јануари и го избркаа една недела подоцна

Лидс попладнево соопшти дека тренерот Џеси Марч добил отказ, една недела откако на стратегот му беше обезбеден богат трансфер буџет за зимскиот преоден рок.

Англија

Џеси Марч не издржа ниту една година на клупата на Лидс, „белите“ попладнево соопштија дека се разделиле со стратегот од САД.

Лидс последната победа во Премиерлигата ја запиша во ноември минатата година, вчерашниот пораз од Нотингем Форест ја прели чашата па раководството на клубот реши дека е време за промени.

Интересно, Џеси Марч во јануари доби значителен трансфер буџет и беа инвестирани речиси 100 милиони евра во играчи како Џорџинио Рутер, Максимилијан Вебер и Вестон Мекини, а една недела по крајот на преодниот рок тој доби отказ.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.