24фудбал

Манчестер Сити излезе со соопштение: Изненадени сме од обвинувањата за прекршување на правилата

Манчестер Сити се соочува со тешки обвинувања од Премиерлигата дека ги прекршиле правилата дури во повеќе од 100 наврати, клубот излезе со кратко соопштение.

Англија

На Манчестер Сити му се заканува казна со одземање на бодови, па дури се зборува и за префрлување во втората лига. Од клубот велат дека се изненадени од таквите обвинувања.

„Манчестер Сити е изненаден од обвинувањето за наводни прекршувања на правилата на Премиерлигата, особено со оглед на обемниот ангажман и огромната количина на детални материјали која е доставена до ЕПЛ“ - се вели во соопштението.

„Клубот го поздравува разгледувањето на ова прашање од страна на независна комисија, за непристрасно да биде разгледана сеопфатната количина на непобитни докази кои ја поддржуваат нашата позиција“.

„Со нетрпение чекаме оваа дилема да се расчисти еднаш и засекогаш“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.