24фудбал

Премиерлигата покрена обвинение против Сити, преку 100 пати ги прекршиле правилата за ФФП!

Премиерлигата попладнево соопшти дека е покренато обвиниене против Манчестер Сити, „граѓаните“ преку 100 пати ги прекршиле правилата за Финансиски фер-плеј.

Англија

Манчестер Сити се најде на тапет откако протекоа мејлови и документи како „граѓаните“ ги „дувале“ спонзорските договори и ги штелувале сметките.

Во 2020 година, УЕФА го суспендираше Манчестер Сити на две години од настап во Лигата на шампиони, но „граѓаните“ ја добија битката пред Судот за спортска арбитража.

Сепак, ова отвори простор за Премиерлигата да отвори истрага и утрово пристигна информација дека е покренато обвинение. 

Манчестер Сити преку 100 пати ги прекршил правилата за Финансиски фер-плеј во периодот од сезоната 2009/10 до сезоната 2017/18.

Независна комисија сега ќе одлучува, и доколку „граѓаните“ бидат прогласени за виновни, можат да добијат голема казна, од одземање на бодови па до преселба во понизок ранг.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.