24фудбал

Мурињо: Во декември можев да заминам, но Рома е мојот живот иако секој ден е борба!

Жозе Мурињо, кормиларот на италијанска Рома призна дека бил на чекор во декември лани да си замине од таборот на „волчицата“ после година ипол на кормилото, но решил да остане во „вечниот град“ зашто тоа е – негов живот.

Италија

Мурињо после Мундијалот во Катар прво се поврзуваше со селекторската позиција на Португалија, а потоа и на Бразил, а во меѓувреме се појавија и информации дека САД исто така се заинтересирани, но на крајот „специјалниот“ остана во Рома со која во мај лани освои европски трофеј – Конференциската лига.

Јас можев во декември да ја напуштам Рома, ама не го направив тоа. Ова е мојот живот, а секој ден е – борба! Понекогаш се чини дека се мачиме, но при врвот на табелата сме со останатите екипи, кои исто така се силни и има што да покажат“, рече Мурињо.

Рома во моментов е на третото место на табелата и води голема битка за местата кои водат во Лигата на шампионите.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.