24фудбал

Галатасарај закажал медицински тестови за Заниоло, се чека само зелено светло од Рома

Галатасарај и Рома се во финални разговори за трансфер на Николо Заниоло кој веќе ги договори личните услови со турскиот клуб.

Италија

Заниоло одби да го продолжи договорот со Рома, не сакаше првично да ја прифати понудата на Борнмут, но се согласи да се пресели во Галатасарај. 

Италијанецот сега и нема многу опции, трансфер пазарот во Турција не е затворен, па бира или да оди таму или да биде изолиран во Рома.

Двата клуба водат финални преговори, се работи за сума од околу 22 милиони евра, се договараат бонусите.

Галата веќе ги договорил личните услови со Заниоло и закажал медицински прегледи за фудбалерот, се чека само зелено светло од Рома кое би требало наскоро да дојде.

Наводно платата на Заниоло во Галатасарај ќе биде 3,5 милиони евра годишно.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.