24фудбал

Малку фалело Тод Боли и Руи Кошта да се фатат за гуша поради трансферот на Енцо Фернандез

Преговорите помеѓу Челси и Бенфика за трансферот на Енцо Фернандез биле тензични, малку фалело да дојде до физичка пресметка помеѓу сопственикот на „сините“, Тод Боли и претседателот на „орлите“, Руи Кошта.

Англија

Во последниот ден од зимскиот преоден рок, Енцо Фернандез се пресели на „Стемфорд Бриџ“ во рекордна зделка вредна 121 милион евра.

За трансферот на Аргентинецот во Челси почна силно да се шпекулира уште на почетокот на јануари, но во прв момент преговорите пропаднаа.

Медиумите сега откриваат повеќе детали и пренесуваат дека првите луѓе на двата клуба за малку ќе се фателе за гуша.

На 3. јануари, делегација на Бенфика предводена од Руи Кошта пристигнала во Лондон, „орлите“ мислеле дека треба само да се испеглаат деталите откако начелно бил договорен трансфер вреден 120 милиони евра.

Сепак, во последен момент Тод Боли ги известил дека ги менува условите на трансферот, односно Челси нуди 90 милиони евра плус играчи.

Руи Кошта се изнервирал, атмосферата била тензична и малку фалело да дојде до физичка пресметка, претседателот на Бенфика нервозно ја напуштил просторијата.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.