24фудбал

Пиоли ја брани новата тактика: Ако игравме по старо ќе бевме уште полоши

Милан се наоѓа во очајна форма, росонерите синоќа изгубија од Интер со 1-0 и речиси не прикажаа ништо на мечот, особено во првото полувреме во кое беа ужасни.

Италија

Пиоли ги изненади сите со тактичките решнија, Милан играше во формација нетипична за нив, 3-5-2, беше видливо дека фудбалерите не се снаоѓаат многу во таквата поставеност. Дополнително, Рафаел Леао беше на клупата, веќе на втор меч по ред.

Милан имаше само 26 проценти посед во првото полувреме, а најдобрата шанса на мечот ја имаа кога Жиру не прими најдобро една асистенција од Леао.

„Како тренер, имам јасна визија на ситуацијата. Сигурен сум дека доколку игравме во нашата вообичаена формација, ќе ни беше уште потешко. Бевме подобри од претходните мечеви, може да продолжиме да играме со оваа тактика, само треба да бидеме поагресивни и да напаѓаме повеќе“, вели Пиоли.

„Јасно е дека сакавме да бидеме подобри во одбраната и да ја поставиме подлабоко. Не се браневме лошо, но требаше подобро да додаваме и да бидеме поопасни од контри во првото полувреме“.

„Леао има неверојатен потенцијал, но одбрав да играм со двајца напаѓачи кои се блиску еден до друг со цел да создадеме проблеми за одбраната на Интер, но тоа не се случи. Леао треба да работи и да биде поактивен во текот на мечот“.

„Не жалам за одлуките, земајќи го предвид она што го гледав за време на неделата, на тренинзите, формата на тимот, мислам дека ова беше правилен избор“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.