24фудбал

Како Баерн се погрижи Интер да остане со празни раце и беспари да го загуби Шкрињар

Милан Шкрињар летоска беспари ќе го напушти Интер, „нероаѕурите“ во јануари пропуштија шанса да го продадат дефанзивецот и да заработат десетици милиони евра, вина за ова делумно има и Баерн Минхен.

Италија

ПСЖ во последните денови од зимскиот преоден рок се обиде да го ангажира Милан Шкрињар, се верува дека со Интер паднал договор за трансфер вреден 15+ милиони евра, но зделката пропаднала поради тоа што „нероаѕурите“ не можеле да најдат соодветна замена.

Бенжамин Павар бил една од желбите, Французинот прифатил да се пресели во Милано, но Баерн Минхен не сакал да слушне за една ваква зделка.

„Баварците“ во осминафинале во Лигата на шампиони играат против ПСЖ, па шампионот на Германија намерно не го пуштил Бенжамин Павар во Интер со цел да го блокира трансферот на Милан Шкрињар во Париз и со тоа да не му дозволи на ривалот да се засили пред двомечот во најелитното европско натпреварување.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.