24фудбал

Касемиро дури сега открива дека во Сао Паоло му го згрешиле името и го натерале така да остане

Бразилската ѕвезда Касемиро, кој летоска од Реал Мадрид дојде во Манчестер јунајтед откри дека името му е погрешно цела негова кариера и тоа поради неговиот матичен клуб Сао Паоло кој по грешка го „прекрстил“ со една различна буква, ама зашто им било симпатично го наговориле така да остане.

Англија

Касемиро првпат откри дека една буква е грешката и дека неговото име на дресот треба да биде Касимиро, ама...

„Јас кога ја почнував кариерата во Сао Паоло, уште на почеток во клубот ми го згрешија името и на дресот стоеше Касемиро. А, јас сум Касимиро. Ама, таа грешка остана зашто во клубот им беше симпатично, па ме наговорија така да остане. И сѐ досега молчев, ама сега ја кажувам вистината“, рече дефанзивниот фудбалер за врска.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.