24фудбал

Наполи сигурно маршира кон Скудетото, нова убедлива победа (ВИДЕО)

Наполи со 3-0 славеше на гостувањето кај Специја, Елиф Елмас одигра половина час.

Италија

Наполи продолжува да освојува бодови кои на крај треба да му го донесат Скудетото. Тимот на Лучано Спалети се враќа со целиот плен од гостувањето кај Специја.

Во првиот дел немаше голови, но на самиот почеток од второто полувреме беше досуден пенал за Наполи, сигурен реализатор беше Кваратсхелија кој погоди од белата точка за 1-0.

Во 68. минута Осимен зголеми на 2-0, а истиот играч пет минути подоцна ги постави и конечните 3-0.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.