24фудбал

Нова победа на Манчестер јунајтед, Ливерпул доживеа тежок пораз на Вулвс (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со 2-1 го совлада Кристал Палас и освои три нови бода, Ливерпул доживеа нов дебакл откако загуби со убедливи 3-0 на гостувањето кај Вулверхемптон.

Англија

Манчестер јунајтед рано го отвори резултатот, Бруно Фернандеш погоди од пенал во седмата минута за водство од 1-0.

Во 62. минута Рашфрод зголеми на 2-0, се чинеше дека Манчестер јунајтед лесно ќе го приведе мечот до крај, но не беше така.

Во 70. минута Касемиро доби црвен картон откако фати за врат играч на Кристал Палас, Манчестер јунајтед остана со фудбалер помалку.

Шест минути подоцна Шлуп намали на 2-1 за поинтересен финиш на мечот, но Јунајтед успеа да ја задржи предноста.

За разлика од Јунајтед кој реди победи, Ливерпул реди порази, овојпат загуби убедливо кај Вулвс од 3-0.

Матип во петтата минута си постигна автогол, а Доусон во 12. минута зголеми на 2-0. Во 71. минута Невеш погоди за конечни 3-0.

Астон Вила на свој терен загуби од Лестер со 4-2 во најефикасниот меч на колото, Брентфорд со 3-0 го совлада Саутемптон, а Брајтон со 1-0 беше подобар од Бронмут.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.