24фудбал

Влијанието на Шон Дајш веднаш се почувствува, Евертон го победи Арсенал! (ВИДЕО)

Тренерската смена во Евертон си го направи своето, го совладаа лидерот Арсенал со 1-0, Шон Дајш одлично ја почна својата мисија во тимот од Ливерпул.

Англија

Пред денешниот дуел Евертон осум меча по ред не знаеше за победа, но овојпат не само што ги освои трите бода, туку тоа го направи над лидерот на табелата, тимот на Арсенал.

Речиси секогаш кога има тренерска промена тимот во првиот меч игра многу подобро од претходно, така беше и сега. Момците на Шон Дајш изгинаа на теренот и дојдоа до трите бода.

Клучниот момент се случи во 60. минута кога Тарковски ја смести топката во мрежата на Рамсдејл за победа од 1-0.

Со овој триумф Евертон излезе од зоната за испаѓање, но ривалите со кои се бори за опстанок допрва ги играат своите натпревари.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.