24фудбал

Чави бара заштита за фудбалер на Реал Мадрид

Звучи необично, но тренерот на Барселона побара од судиите да биде заштите играч на Реал Мадрид.

Шпанија

На мечот меѓу Реал Мадрид и Валенсија, Винисиус намерно беше шутнат од Габриел Паулиста кој доби директен црвен картон поради примитивниот потег.

Чави го прокоментира стартот на Габриел Паулиста и побара судиите да ги заштитуваат играчите како Винисиус.

„Винисиус е фудбалер кој е екстремно добар во ситуациите еден на еден и тоа ги тера противниците да бидат поагресивни. Истото му се случуваше и на Нејмар тука. Судиите и арбитражниот комитет мора да работат на заштита на ваквите фудбалери во овие ситуации“, рече Чави.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.