24фудбал

Нојер жестоко искритикува одлука на Баерн, па доби одговор од Кан

Работите во Баерн Минхен не се идеални, во моментов има вербална војна во медиумите меѓу капитенот, Мануел Нојер и извршниот директор во клубот, Оливер Кан.

Германија

Нојер кој е во аут поради повредата заработена при скијање, ја искоментира одлуката на Баерн да го отпушти тренерот на голманите, Тони Топаловиќ кој беше во клубот од 2011 година.

„Тоа беше голем удар за мене. Од клубот бев информиран дека добил отказ. Тоа беше сосема неочекувано, беше големо изненадување за Тони. Не разбирам зошто се случи, многу ме погоди. Тоа можеби е најбруталната работа која сум ја доживеал во кариерата, како некој да ми го откорнал срцето“, рече Нојер.

На Оливер Кан воопшто не му се допадна ваквото искрено излагање на Мануел Нојер, па возврати преку медиумите и направи споредба со негова случка од минатото.

„Тоа што го кажа Нојер за заминувањето на Топалови не му личи како капитен, не ги одразува вредностите на клубот. Доаѓа и во погрешно време, пред нас се серија на многу важни натпревари“.

„Јас во 2004 година имав слична ситуација во репрезентацијата на Германија кога Сеп Мајер почувствува дека федерацијата го изневери и си замина. Бев лут и разочаран, но знаев дека приоритет е заедничката тимска цел. Тоа беше поважно отколку тоа што јас го чувствував. Затоа молчев, не се огласив јавно. Мануел го прави спротивното. Ќе имаме сериозен разговор за ова“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.