24фудбал

Алвеш заврши во затвор, остана без клуб, а сега и без сопруга!

Од лошо кон полошо за Дани Алвеш, бразилскиот фудбалер е на големи маки по обвинувањето од девојка дека ја силувал кон крајот на минатата година во Барселона.

Шпанија

Алвеш заврши зад решетки, ќе му се суди без право да се брани од слобода. Во меѓувреме доби отказ од клубот Пумас кој ќе бара и милионска отштета од него. А последната информација е дека и сопругата го оставила.

Манеканката Јоана Санз побарала прекин на бракот. Таа најпрво ги избриша сите заеднички слики од социјалните мрежи, а сега и формално сака да се раздели.

„Адвокатите на Алвеш му кажале дека таа сака да се види со него, но тој одбил такво нешто, знаејќи дека ќе дојде со документи за развод кои тој ќе треба да ги потпише“, откриваат бразилските новинари.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.