24фудбал

Авионот на Гетеборг принудно слетал поради 30 напумпани топки!

Шведскиот клуб Гетеборг, тргнал на подготовки во Шпанија, но по половина час морал принудно да слета поради 30 нампумпани топки, за кои подоцна се дознало и дека не биле напумпани.

Останато

На пилотот некој му кажал дека во багажот има напумпани топки, по што тој ги известил патниците дека мора да слета поради тоа. Напумпаните топки можат да предизвикаат експлозија.

„Имам несекојдневна информација, сега дознавме дека во делот за багаж имаме 30 напумпани топки и поради ризик од експлозија на тие топки, мора итно да слетаме. После слетувањето ќе биде неопходно, топките да се издишат и околу половина час ќе трае задржувањето. Се извинувам на оваа непријатност“, рекол пилотот.

Но, директорот на Гетеборг, Ролф Густавсон изјавил дека топките всушност не биле напумпани, туку биле некој нов модел, па и издишаните личеле како да се напумпани.

„Ние пред заминување ги издишавме сите топки. Но, тие се нови и делуваат како да се напумпани. Некако авиокомпанијата добила информација дека во топките има воздух. Јас лично двапати во Копенхаген ги проверив топките и таа узбуна излезе дека е лажна“, рече Густавсон.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.