24фудбал

Грем Потер објасни зошто Обамејанг не се најде на списокот за Лигата на шампионите

Челси синоќа го достави списокот за пролетниот дел од Лигата на шампионите, но на него не се најде напаѓачот, Пјер Емерик Обамејанг.

Англија

Грем Потер вели дека Обамејанг не направил ништо погрешно, едноставно немал среќа. Челси има многу фудбалери, па некој морал да отпадне.

„Пјер не направи ништо погрешно, немаме проблем со него. Едноставно немаше среќа. Обамејанг ќе се бори за своето место до крајот на сезоната“, изјави Грем Потер.

Обамејанг не импресионираше во досегашниот дел од пресојот во Челси, напротив, разочара.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.