24фудбал

Клоп за трошењето на Челси: Ништо нема да кажам без мојот адвокат

Во јануарскиот преоден рок, Челси потроши убедливо најмногу пари од Премиерлигашите, па на денешната прес-конференција Клоп беше запрашан да го прокоментира тоа.

Англија

Ливерпул и Челси имаат очајни сезони, но сините изминатиот месец се освежија со повеќе големи засилувања за кои раководството плати многу.

„Нема да кажам ништо без мој адвокат“, изјави Јирген Клоп.

„Не го разбирам овој дел од бизнисот, тоа се големи бројки. Тие се навистина добри фудбалери, па честитки. Не разбирам како е можно, но не сум јас тој кој треба да објасни“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.