24фудбал

Рома го остави Заниоло на списокот за Лига Европа

Односите меѓу Рома и Заниоло се заладени, но фудбалерот останува на списокот на фудбалери кои може да играат во Лига Европа во преостанатиот дел од сезоната.

Лига Европа

Но, според „Газета дело Спорт“, Николо Заниоло е на листата од формален карактер бидејќи се води како домашен фудбалер и Рома го оставила за да го запази бројот на такви играчи.

Според весникот Заниоло се уште не е дел од плановите на Рома и нема да се врати на теренот во скоро време.

Новото засилување Диего Љоренте е во составот како и Солбакен и Вајналдум. Нема место за Меди Камара кој беше во составот за групната фаза.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.