24фудбал

Му помина лутината на Мурињо, Карсдорп се враќа во тимот на Рома, ќе биде пријавен и за ЛЕ

Рик Карсдорп повторно е со останатите играчи од тимот на Рома, тоа е првпат од ноември кога Мурињо јавно го искажа незадоволството од него.

Италија

Се чинеше дека Холанѓанецот никогаш веќе нема да заигра за Рома, но работите се променија. Тој не беше продаден во јануари и сега повторно му е на располагање на Мурињо.

Според „Скај Спорт“, тој ќе биде вклучен и во составот на Рома за продолжението од Лига Европа.

Се очекува да биде повикан за мечот во сабота против Емполи, ќе биде на клупата.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.