24фудбал

Реал Мадрид со два гола за две минути ги освои трите бода против Валенсија (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 2-0 ја победи Валенсија на Сантијаго Бернабеу, две минути во второто полувреме беа доволни за да се освојат трите бода.

Шпанија

Кралскиот клуб се обидуваше да поведе уште во вториот дел, но не му одеше. Во финишот Ридигер даде гол, но беше поништен поради фаул кој го направи Бензема.

Но, Реал Мадрид поведе брзо во второто полувреме, во 52. минута Асенсио постигна страшен гол за водство од 1-0.


Само две минути подоцна незапирлив трк на Винисиус кој реализираше за победа од 2-0.


Валенсија мечот го заврши со 10 фудбалери откако во 72. минута Габриел Паулиста доби директен црвен картон по еден крвнички старт врз Винисиус.


Со оваа победа Реал Мадрид се врати на -5 бода во однос на Барселона која е лидер на табелата во Ла Лига.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.