24фудбал

Јуве преку Лацио до полуфиналето од Купот на Италија (ВИДЕО)

Јувентус со 1-0 го совлада Лацио и се пласираше во полуфиналето од Купот на Италија каде ќе игра против Интер.

Италија

Еден гол го одлучи денешниот четвртфинален натпревар меѓу Јувентус и Лацио, погодокот беше постигнат во финишот од првото полувреме.

Во 44. минута по една асистенција од Костиќ, дефанзивецот Бремер погоди со глава и донесе водство на Јуве од 1-0 кое значеше и победа.

Во полуфиналето Јувентус ќе игра против Интер, во другото полуфинале ќе се сретнат Фиорентина и Кремонезе.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.