24фудбал

Руи Коста го објаснува последниот ден од преодниот рок: Се договоривме со Челси да го продадеме Енцо на лето, но...

Претседателот на Бенфика, Руи Коста на прес-конференција објасни дека едноставно не можеле да го задржат Енцо Фернандез кој не сакал повеќе да го носи црвениот дрес на португалскиот клуб.

Англија

Руи Коста вели дека тој направил се што е во негова моќ да го задржи Енцо Фернандез, дури успеал да постигне договор со Челси трансферот да се случи на лето, но едноставно фудбалерот не сакал веќе да игра за Бенфика и упорно притискал сега да се пресели на Стемфорд Бриџ.

„Енцо Фернандез не сакаше да остане во Бенфика. Тој не ни даде никаква шанса. Го дадов најдоброто од мене за да го задржам, тажен сум но нема да плачам за фудбалер кој не сакаше да остане“, вели Руи Коста.

„Кога дојде Челси, беше невозможно да го предомислиме“.

„За време на последниот ден од преодниот рок, се согласивме со Челси трансферот да се реализира на лето, но тој не сакаше да остане“.

„Во тој момент си реков: Тој не може веќе да игра за Бенфика, нема шанси. Нема да плачам за играчи кои не сакаат да го носат нашиот дрес“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.