24фудбал

Откриено како пукнала тиквата помеѓу Боли и Тухел, газдата на Челси само чекал...

Медиумите од Англија пишуваат како пукнала тиквата помеѓу Тод Боли и Томас Тухел, двајцата имале несогласувања околу настапот на трансфер пазарот, газдата на Челси чекал само кикс за да му врачи отказ.

Англија

Томас Тухел доби отказ од Челси на почетокот од септември, а како што пренесува Тајмс, проблемите започнале поради несогласувања околу настапот на трансфер пазарот.

Стратегот приоритет давал на засилувања во одбраната додека пак газдата на Челси инсистирал да бидат ангажиран нов фудбалер од средниот ред.

Недоразбирањата кулминирале во последните денови од преодниот рок кога Тод Боли на своја рака го донел Денис Закариа од Јувентус, без да добие согласност од Томас Тухел.

Потоа се чекал само првиот кикс, кога Челси загуби од Динамо Загреб во Лигата на шампиони, Тод Боли веднаш реагирал и му врачитл отказ.

Сопственикот на Челси токму за засилување од средниот ред не штедеше во јануари и инвестираше рекордни 107 милиони фунти за ангажман на Енцо Фернандез.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.