24фудбал

Официјално: Андре Ајев потпиша за Нотингем форест

Ајев е нов фудбалер на Нотингем форест, тој денеска стави потпис на договор со англискиот клуб.

Англија

33-годишниот фудбалер од Гана, беше слободен играч откако ја заврши соработката со Ал Сад. Како таков можеше да потпише и надвор од преодниот рок.

Ајев стави потпис на договор со Нотингем форест до крајот на сезоната.

„Стив Купер ме познава многу добро и знае како да работи со мене и на теренот и надвор од него. Ние имаме силна врска, тој е посебен тренер“, изјави Ајев.

Стив Купер му беше тренер на Ајев во Свонси.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.