24фудбал

Потер излезе со прва изјава за Зијеш откако пропадна неговиот трансфер во ПСЖ

Поради ненавремено доставување на документите од страна на Челси, пропадна трансферот на Хаким Зијеш во ПСЖ, тој се врати во Лондон.

Англија

Зијеш беше во Париз каде требаше да го потпише веќе договорениот трансфер во ПСЖ. Двата клуба се договорија, но административните работи не ги завршија пред полноќ во последниот ден од преодниот рок, па трансферот на Мароканецот пропадна.

„Знам дека Хаким е професионален фудбалер и ја разбира ситуацијата, тој се врати и тренираше со тимот. Зијеш ќе биде важен за до крајот од сезоната, сигурен сум“, изјави Грем Потер.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.