24фудбал

Судот го помилува, ама Манчестер јунајтед допрва ќе му суди на Гринвуд

Мејсон Гринвуд одново е слободен човек, откако денеска беа отфрелни обвинувањата за силување против него.

Англија

Кралското обвинителство не нашло доволно докази за да го продолжи случајот, што значи 21-годишниот фудбалер може да продолжи каде што застана на патот кон светлата кариера која му ја предвидуваа.

Меѓутоа, дали е целосно така?

Откако излезе веста од Кралското обвинителство, Манчестер јунајтед не потрча да го пречека со раширени раце, туку излезе само со „два реда“ соопштение со неутрална и претпазлива содржина.

„Манчестер јунајтед ја прими одлуката на Обвинителството на круната, дека сите обвинувања против Мејсон Гринвуд се отфрлени. Клубот сега ќе спроведе свој процес пред да ги одреди своите следни чекори. Нема да даваме понатамошни коментари додека процесот не е комплетиран“, пишува во клупското соопштение.

Останува да видиме дали Гринвуд ќе продолжи во јунајтед или, пак, ќе треба да планира ново место за живеење.Тој технички има договор со Јунајтед до јуни 2025, но сигурно дека во целиот скандал постои нешто за што клубот може да се фати, ако посака да го раскине. Гринвуд одигра 129 меча во три сезони за сениорскиот тим, во кои постигна 35 гола. 


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.