24фудбал

Агентот објаснува како Арсенал ги победи Јуве, Милан и Наполи во трката по Кивиор

Агентот на Јакуб Кивиор, Саша Баранов објаснува како Арсенал ги победи Јувентус, Милан и Наполи во трката по потписот на неговиот клиент.

Англија

Во јануарскиот преоден рок полскиот дефанзивец, Јакуб Кивиор од Специја се пресели во Арсенал за сума од 25 милиони евра плус бонуси. Покрај Арсенал, интерес за него имало и од Јуве, Милан и Наполи.

„Сите големи италијански клубови, со исклучок на Интер, покажаа интерес. Тука се Наполи, Милан и Јувентус“, вели агентот Баранов.

„Како и да е, ситуацијата на Наполи е таква во моментов што тие не треба ништо да менуваат во тимот во јануари и сакаа да ги продолжиме преговорите на лето. Сите знаете што се случи во Јувентус, додека Милан исто така чекаше, и знаете што се случува кога ќе дојде клуб од Премиерлигата“.

„Кога клуб како Арсенал ќе дојде, тешко е за 22-годишен играч да рече не. Доколку беше Јувентус или некој друг голем клуб, можеби ќе беше исто, но Арсенал беше единствениот клуб кој навистина притисна да се случат преговорите“.

„Искрено ние не очекувавме дека толку брзо ќе се движат работите, мислевме дека тој ќе остане во јануари и во јуни ќе си замине од Специја. Арсенал пристигна и фудбалерот не правеше притисок да си замине, само рече дека доколку се случи трансферот тогаш во ред, ако не се случи ќе биде среќен да чека“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.