24фудбал

Три недели пауза за Мбапе, ќе го пропушти првиот меч против Баерн Минхен

ПСЖ информираше дека Килијан Мбапе околу три недели ќе биде надвор од теренот поради повредата која ја заработи на мечот со Монпелје.

Лига на Шампиони

Мбапе заработи повреда на бутниот мускул поради која уште во текот на првото полувреме мораше да го напушти теренот.

ПСЖ денеска информира дека фудбалерот околу три недели ќе биде надвор од теренот поради таа повреда.

Тоа значи дека Мбапе ќе го пропушти првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн Минхен кој се игра на 14. февруари.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.