24фудбал

Повлечени сите обвиненија против Мејсон Гринвуд, обвинителството ја образложи својата одлука

Обвинителството попладнево соопшти дека се повлечени сите обвиненија против Мејсун Гринвуд, се решиле на еден ваков чекор откако главните сведоци одбилe да соработуваат, а се појавиле и нови докази.

Англија

Во јануари минатата година, Мејсон Гринвуд беше уапсен откако неговата девојка на социјалните мрежи објави фотографии на кои има модринки и крв по нејзиното тело како резултат на тепања, а се пожали и дека била принудена на секс.

Против младата ѕвезда на Манчестер јунајтед беа покренати обвиненија за обид за силување, напад и контролирано и присилно однесување.

Манчестер јунајтед веднаш го суспендираше, Најк ја прекина соработката а ликот на Мејсон Гринвуд беше избришан од ФИФА 2022.

Сепак, една година подоцна, обвнителството соопшти дека сите обвиненија против Мејсон Гринвуд се повлечени. Тие се решиле на еден ваков чекор откако главните сведоци одбиле да соработуваат, а се појавиле и нови докази поради кои имало мали шанси фудбалерот да биде осуден.

Сега на потег е Манчестер јунајтед, дали ќе му дозволи на Мејсон Гринвуд да се врати во своите редови или пак ќе реши да се раздели со талентираниот напаѓач.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.