24фудбал

Кака: Ако Леао сака да си оди, сега е вистинско време да го направи тоа, но...

Легендарниот бразилски фудбалер, Кака вели дека ако Леао сака да си оди од Милан, сега му е вистинско време, но го советува да остане на Сан Сиро.

Италија

Милан и Леао водат преговори за продолжување на договорот кој му истекува во јуни 2024 година. Двете страни се уште не постигнале договор иако се оптимисти дека тоа ќе се случи.

Со свое мислење се јави и легендарниот Кака.

„Леао е фантастичен фудбалер, многу ми се допаѓа. Доколку го гледа италијанскиот фудбал како отскочна даска во кариерата, тогаш треба да си оди и сега е вистинскиот момент да го направи тоа. Но јас мислам дека треба да остане бидејќи јас не го гледам италијанскиот фудбал како отскочна даснак и понекогаш заминувањето од Милан не е добра идеја“, вели Кака.

Кака го напушти Милан за Реал Мадрид во 2009 година откако ја освои Серија А со росонерите, освои Лига на шампиони и ја доби Златната топка.

„Не сакам споредби, мислам дека Леао треба да ги разгледа сите опции. Милан му дава многу. Се сретнав со Галијани за време на СП во Катар и тој ми рече дека Серија А станала отскочна даска за кариерите на фудбалерите. Но јас не мислам така. Мислам дека Серија А се уште е предизвик за напаѓачите, не мислам дека тоа е мала лига, иако има разлика во економската моќ. Научив многу во Италија и станав фудбалер кој фановите го паметат“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.