24фудбал

Шкрињар разговарал со соиграчите и навивачите, ветил дека ќе гине на терен до крајот на сезоната

Медиумите од Италија пренесуваат дека Милан Шкрињар разговарал со соиграчите и навивачите, напаѓачот порачал дека е целосно посветен на Интер и ќе го даде максимумот во преостанатите натпревари.

Италија

Милан Шкрињар ја одби понудата на Интер за продолжување на соработката и се договори со ПСЖ за преселба во Париз. „Светците“ се обидоа да го донесат дефанзивецот уште во јануари, но не успеаја да најдат заеднички јазик со „нероаѕурите“ за висината на обесштетувањето.

Многумина се прашуваат дали Милан Шкрињар ќе може да игра на врвно ниво кога знае дека нема иднина на „Меаца“ и во мислите веќе го има ПСЖ, па дефанзивецот побарал средба со соиграчите и навивачите.

Како што пишува Газета дело Спорт, Словакот порачал дека е целосно посветен на Интер, ќе го даде максимумот до крајот на сезоната и ќе гине на теренот за „црно-синиот“ дрес.

Се очекува Милан Шкрињар да се врати во составот на Интер за дербито со Милан, но дефанзивецот нема да ја носи капитенската лента, таа ќе се најде на раката на Лаутаро Мартинез.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.