24фудбал

Не е лесно да си навивач на Арсенал во Уганда, удрен со палка во глава зошто се радувал на победа против Манчестер јунајтед

Медиумите од Уганда пишуваат за инциденти во кои животот го загубиле две лица а причина се недоразбирања помеѓу навивачи на Арсенал и ривалите Манчестер јунајтед и Манчестер Сити.

Англија

Фудбалското лудило во Уганда е на едно поинакво ниво, изминатиов период две лица го загубиле животот.

Првиот инцидент се случил пред десетина дена кога Арсенал се сретна со Манчестер јунајтед во Премиерлигата. Кога Еди Нкетија постигнал гол во финишот за победа од 3-2, еден навивач на „топчиите“ со палка бил удрен во глава откако почнал да се радува на триумфот.

Тој веднаш бил пренесен во болница, но им подлегнал на повредите.

Оваа недела пак настрадал млад советник кој се обидел да го спаси својот брат, навивач на Арсенал, од тепачка со навивачи на Манчестер Сити. При мешаницата, тој бил избоден со нож, и починал кратко по приемот во болница.

Премиерлигата е прилично популарна во Уганда, но се верува дека пасијата кон фудбалот не е единствената причина зад ваквото насилство, обложувањето се посочува каков дополнителен мотив за пресметките помеѓу навивачите.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.