24фудбал

Варан нема ни 30 години, а веќе ѝ го сврте грбот на Франција, веќе нема да игра за репрезентацијата

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Рафаел Варан реши да се пензионира од репрезентативниот фудбал и да се посвети само на клупските обврски.

Франција

29-годишниот Варан има 93 настапи за француската репрезентација, иако е релативно млад, реши да не игра веќе за Франција.

Тој пензионирањето од националниот тим го објави со голем пост на социјалните мрежи во кој го истакна значењето на репрезентацијата за него. Вели дека бил горд што цела декада играл за Франција и за него секогаш било посебно чувството кога го носел дресот на земјата.

Варан им се заблагодари на сите и рече дека е време местото да го отстапи на помладите.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.