24фудбал

Во Бетис се бесни, сметаат дека првиот гол на Барса е нерегуларен, Каталонците добиле помош од судијата (ВИДЕО)

Барселона синоќа со 2-1 победи на гостувањето кај Бетис, но домаќините по мечот беа бесни на судијата за првиот гол на каталонскиот клуб.

Шпанија

При првиот гол на Барселона, беше досуден фаул кој гостите брзо го изведоа и постигнаа гол.

Од Бетис велат дека фаулот е изведен многу подалеку отколку што прекршокот е направен, и затоа требало да биде поништен голот.

Но, снимките покажуваат дека не е толку далеку, фаулот е изведен приближно на местото каде што е удрен фудбалерот на Барселона, кој со падот се одалечи од местото каде што беше удрен.

Дали требаше да биде поништен голот или не, проценете сами.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.