24фудбал

Од лошо - полошо за Дани Алвеш, Пумас му бара милионска оштета

Медиумите од Бразил откриваат дека Пумас го известил Дани Алвеш дека треба да плати оштета од околу 5 милиони долари (околу 4,5 милиони евра) зошто го прекршил договорот.

Останато

Дани Алвеш минатиот месец заврши зад решетки во Барселона, фудбалерот е обвинет за сексуален напад и му се заканува затворска казна од 4 до 12 години.

Инцидентот во ноќниот клуб му направи проблем и на професионален план, Пумас реши да му го раскине договорот.

И не само тоа, клубот од Мексико бара и милионска оштета. Како што пренесуваат медиумите од Бразил, во договорот имало клаузула според која Дани Алвеш е обврзан да плати 5 милиони долари (околу 4,5 милиони евра) доколку направи дело кое се смета за криминално според законите на земјата во кое е извршено.

Од таборот на Пумас дури се заканиле дека ќе го пријaват Дани Алвеш до ФИФА доколку фудбалерот не ја плати сумата.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.