24фудбал

Како директорите и претседателот на Милан ги мотивираа фудбалерите пред дербито со Интер

Во недела со почеток од 20:45 часот се игра големото градско дерби меѓу Интер и Милан, росонерите во него влегуваат во лоша форма, а бодовите веќе стануваат неопходни, па раководството на клубот се труди дополнително да ги мотивира фудбалерите.

Италија

Милан во 2023 година има само една победа, росонерите загубија на последните два меча од Серија А, беа исфрлени од Купот на Италија, а загубија и во италијанскиот Суперкуп. На последниот меч беа понижени од Сасуоло на Сан Сиро со 2-5.

Директорите на Милан и претседателот Паоло Скарони биле присутни на вчерашниот тренинг на фудбалерите со цел да го мотивираат тимот пред дербито со Интер.

Според „Газета дело Спорт“, директорите Паоло Малдини, Рики Масара, новиот извршен директор Џорџо Фурлани и претседателот Скарони го следеле тренингот, а потоа имале заеднички ручек со фудбалерите.

На заедничката вечера, претседателот Скарони им рекол на фудбалерите: „Сите во клубот веруваат во вас и врската е толку силна што и ние би сакале да излеземе на теренот заедно со вас“.

Раководството на Милан сакало да покаже обединетост пред фудбалерите во најважниот дел од сезоната.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.