24фудбал

Првиот човек на Ла Лига: Барса нема пари да го купи Халанд или Мбапе, тие можат да завршат само во Реал

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас ја коментираше можноста Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе да ја продолжат кариерата во Шпанија, вели дека Барселона нема пари за вакви зделки и само Реал Мадрид е тој кој може да си дозволи вакви трансфери.

Шпанија

„Каталонците“ минатото лето продаваа имот за да ја подобрат финансиската состојба и да донесат засилувања како Роберт Левандовски, Рафиња и Жил Кунде.

Но се верува дека летоска Барселона повторно ќе биде во голем минус и Жоан Лапорта и неговите соработници ќе мора да обезбедат нови приходи или да ја кратат сметката за плати.

Дека финансиската ситуација на Камп Ноу е лоша уште еднаш потсети првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој беше запрашан за можноста Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе да се преселат во Шпанија.

„Се надевам дека ќе пристигнат но овие двајца играчи може да направат трансфер само Реал Мадрид. Во моментов, економската ситуација на Барселона не дозволува ангажман на ваков тип на фудбалери“ – вели Хавиер Тебас.

„Ниту пак следната сезона, треба да се случат драстични промени. Според мене тоа е невозможно“.

Се верува дека во договорот на Ерлинг Халанд има откупна клаузула која се активира летото во 2024 година и со која Норвежанецот може да го напушти Манчестер Сити за 200 милиони евра.

Исто така се шпекулира дека Килијан Мбапе на блиски пријатели им се доверил дека летото во 2024 ќе може да го напушти ПСЖ.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.