Медиумите од Англија пренесуваат дека се подготвува голема чистка на „Стемфорд Бриџ“, многу играчи можат да го напуштат клубот, на листата има и фудбалери кои пристигнаа пред само шест месеци како Калиду Кулибали и Марк Кукуреља.
Категорија: Англија 02.02.2023 10:48
Новиот сопственик на Челси, Тод Боли го одврза ќесето како никој претходно, „сините“ потрошија околу 600 милиони фунти во летниот и зимскиот преоден рок.
По огромните инвестиции, ќе следи чистка на „Стемфорд Бриџ“, листата на фудбалери кои имаат неизвесна иднина е многу долга, има и играчи кои пристигнаа пред само шест месеци.
Понуди ќе се разгледуваат за Пјер Емерик Обамејанг, Хаким Зијеш, Кристијан Пулишиќ, Матео Ковачиќ, Нголо Канте, Конор Галакер, Рубен Лофтус Чик, Калиду Кулибали и Марк Кукуреља.
Останува да се види дали Интер ќе го ангажира Ромелу Лукаку на нова позајмица, а дали Баер Леверкузен ќе го задржи Калум Хадсон Одиу, кој сигурно нема да остане во Челси и среќата ќе си ја побара во друг клуб.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.