24фудбал

Заниоло го прекина молкот: Многу лаги се напишаа за мене, ѝ стојам на располагање на Рома

Николо Заниоло не успеа да замине од Рома, а во изминатите денови го наруши односот со раководството на клубот и навивачите, фудбалерот сега се обидува да ги направи работите поедноставни.

Италија

Информациите од Италија велат дека Заниоло ќе биде отстранет од тимот на Рома, ќе тренира индивидуално и нема да заигра на ниту еден натпревар во иднина. Кога ќе заврши сезоната веројатно ќе биде продаден.

Фудбалерот за првпат излезе со изјава, свесен е што има направено Рома за него откако тој пристигна таму и вели дека му е на располагање на тимот.

„Многу работи беа кажани и напишани во изминатите неколку денови, но тоа не е точно“, вели Заниоло.

„Јас пристигнав во Рома како непознат фудбалер и фановите ме пречекаа како да сум нивни. Тие ми дадоа самодоверба, поттик и љубов во страшните и темни моменти со моите повреди“.

„Во Тирана, со тој гол, почувствував дека им се оддолжив за сето тоа што го добив од нив, дадов допринос за голем и незаборавен момент на уживање за сите Романисти“.

„На 23 години искусив многу работи кои мои колеги не ги доживеале во целите нивни кариери, пажав, станував, паѓав повторно, се качив уште еднаш, освоив“.

„Во последните месеци, периодот беше деликатен за мене, кога ми беше тешко да разберам каква ќе биде мојата професионална иднина. Како и да е, секогаш работев напорно на теренот и тренирав со најголем професионализам“.

Заниоло пред некој ден доживеа непријатни моменти кога фанови пред неговиот дом го навредуваа.

„Тоа беше првпат, бев исплашен за мене и за мојата фамилија. Никогаш претходно ми се немаше случено“.

„Иднината е во наши раце, комплетно се ставам на располагање на Рома“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.