24фудбал

Рома одбила три понуди од Премиерлигата за Заниоло

Тотнем, Саутемптон и Евертон сакале да го ангажираат Николо Заниоло на позајмица до крајот на сезоната, но Рома ги одбила.

Италија

Ставот на римската волчица беше јасен, тие сакаат да го продадат Заниоло, позајмица прифаќаа само со обврска да биде откупен следното лето.

Сите понуди кои беа за позајмица или за позајмица со опција за откуп беа одбиени од Рома.

Во самиот финиш од преодниот рок пристигнале понуди од Тотнем, Евертон и Саутемптон за позајмица на фудбалерот до крајот на сезоната, но Рома ги одбила сите.

Единствената понуда која Рома ја прифати во јануари беше од Борнмут, тој предлог првично го одби Заниоло, кога се покаја, англискиот клуб веќе се повлече од намерата да го ангажира.

Заниоло до крајот на оваа сезона ќе тренира индивидуално, нема да биде дел од натпреварите.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.