24фудбал

Анчелоти: Азар, Мариано, Ваљехо немале минути? Јас сум тука да победувам, не да давам минути!

Карло Анчелоти на денешната прес-конференција вети подобар февруари за Реал Мадрид.

Шпанија

Реал Мадрид во изминатиот период дозволи Барселона да го преземе врвот и да се одлепи на првото место.

„Февруари ќе биде добар за Реал Мадрид“, уверен е Анчелоти.

Некои фудбалери не се среќни бидејќи многу ретко се на теренот. Анчелоти беше прашан за нивната ситуација.

„Нема минути за Азар, Мариано, Одриозола, Ваљехо? Други играчи играат. Јас сум тука да победувам, не да давам минути на фудбалерите“, јасен беше Анчелоти.

Тој вели дека клубот не ангажирал засилувања во јануари, бидејќи сезоната била планирана во летниот преоден рок и тој е задоволен од играчите кои ги има на располагање.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.