24фудбал

Неверојатниот тим на Бенфика составен од продадени играчи вреден 600 милиони евра (ФОТО)

Бенфика уште еднаш покажа дека умее добро да заработи, „орлите“ синоќа го продадоа Енцо Фернандез на Челси во трансфер вреден 121 милион евра, а пред само шест месеци го купија играчот за 15 милиони евра.

Останато

Бенфика е еден од клубовите кои најдобро работи на трансфер пазарот, се верува дека во последните дваесетина години, „орлите“ имаат остварено приходи од околу 1,5 милијарда евра од продажба на играчи.

Добрата школа, комбинирана со добар скаутинг и стратегија, на клубот му носи огромни пари.

Од зделките, може да се направи неверојатен тим вреден околу 600 милиони евра.

Стартни 11 од најскапи продадени играчи на Бенфика:


Едерсон – €40m (Манчестер Сити)

Нелсон Семедо – €35.7m (Барселона)

Рубен Диаш – €71.6m (Манчестер Сити)

Виктор Линделоф – €35m (Манчестер јунајтед)

Фабио Коентрао – €30m (Реал Мадрид)

Аксел Витсел – €40m (Зенит)

Енцо Фернандез – €121m (Челси)

Ренато Санчез – €35m (Баерн Минхен)

Анхел Ди Мариа – €33m (Реал Мадрид) 

Дарвин Нуњез – €80m (Ливерпул)

Жоао Феликс – €127m (Атлетико Мадрид) 


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.