24фудбал

Правилата се исти за сите, Зијеш нема да биде регистриран, се враќа во Челси

На денешниот состaнок на ЛФП е решено да не му се прогледа низ прсти на ПСЖ, Хаким Зијеш нема да биде регистриран, фудбалерот ќе мора да се врати во Челси.

Франција

Челси не ги прати документите на време, па трансферот на Зијеш во ПСЖ не можеше да биде регистриран пред полноќ. Францускиот клуб веднаш поднесе жалба до комисијата на ЛФП, телото кое ја води француската лига. 

Утринава се одржа состанокот на кој се одлучуваше по жалбата на ПСЖ и барањето на францускиот клуб не е прифатено.

Одговорот е дека правилата за сите се еднакви и во оваа ситуација нема да биде направен исклучок.

Хаким Зијеш ќе се врати во Челси и ќе се бори за место во тимот, а во јуни ќе се обиде повторно да замине од Лондон.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.