24фудбал

Како пропадна трансферот на Иско во Унион Берлин?

Иско отиде да го потпише договорениот трансфер со Унион Берлин, но зделката не се случи, сега двете страни меѓусебно се обвинуваат кај кого е вината за пропаднатиот договор.

Германија

Низ медиумите се појавија различни причини за пропаднатиот трансфер на Иско во Унион Берлин, двете страни имаат различни верзии.

Трансферот беше договорен и се веруваше дека остануваат уште формалните работи за тој да биде комплетиран. Но кога Иско отиде во Германија, работите се сменија.

Од таборот на Иско вината ја бараат во Унион Берлин. Според нив, трансферот бил договорен на година и пол, но кога пристигнале таму добиле договор само за половина година и информација дека фудбалерот нема да игра во Лига Европа.

Од Унион Берлин пак велат дека приказната е поинаква. Кога пристигнале во Германија, барањата на Иско и неговите агенти за финансискиот дел биле повисоки од договореното. Фудбалерот барал поголема плата, а агентите поголема провизија. Суми кои не биле прифатливи за клубот.

„Пред да дојдете на медицински прегледи, сте завршиле со преговорите. Како и да е, потоа беа побарани нови промени во договорот. Но ние не се сложуваме со работи кои не ни одговараат“, изјави менаџерот во клубот, Оливер Рухнерт.

Легендата на Унион Берлин и сегашен ТВ експерт, Торстен Матушка вели дека можеби причина за пропаднатиот трансфер е недоразбирање во преговорите меѓу двете страни. Односно дали сумите кои биле првично договорени биле нето или бруто. Во Шпанија обично се преговара за нето износи, а во Германија за бруто, па тој смета дека можеби така настанал проблемот.

Иско е слободен фудбалер и може да потпише со друг клуб и надвор од преодниот рок.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.