24фудбал

Реал вчера договорил трансфер па доби пофалби: Господски клуб, се однесуваа како џентлмени, не сакаа да ни наштетат

Од таборот на Рајо Ваљакано открија дека Реал Мадрид го договорил трансферот на Фран Гарсија, но го oставиле играчот да ја заврши сезоната на „Ваљекас“, па се заблагодарија за ваквиот гест.

Шпанија

23-годишниот Фран Гарсија е продукт на школата на Реал Мадрид, но патот до првотимски фудбал го најде во Рајо Ваљекано.

Левиот бек на „Ваљекас“ прикажува одлични партии па го привлече вниманието на неколку клубови, Баер Леверкузен овој месец беше подготвен да плати 10 милиони евра за да го донесе во своите редови.

„Кралевите“ имаа прва опција да го вратат во своите редови, па ја искористиле оваа клаузула и се сложиле да платат 5 милиони евра. Поради повредите на Менди и Алаба, се говореше дека Фран Гарсија веднаш ќе му се стави на располагање на Карло Анчелоти, но Реал реши играчот да го остави во Рајо до крајот на сезоната.

„Фран Гарсија по крајот на сезоната се сели во Реал Мадрид, падна договор“ – вели претседателот на Рајо, Раул Мартин Преса.

„Од почит кон Рајо, и за да не ни наштетат, Реал Мадрид се однесуваше како џентлмен. Морам да признaам, бевме во незавидна ситуација, но тие се погрижија да не не ослабнат во овој преоден рок. Веројатно, за нив од спортски аспект ќе беше многу подобро уште сега да го донесат играчот во своите редови“.

„Но Реал е господски клуб и мораме да им се заблагодариме за начинот на кој се однесуваа“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.