24фудбал

Не еднаш, не двaпати, Челси во ТРИ наврати му испратил погрешни документи на ПСЖ за трансферот на Зијеш

Медиумите од Франција објаснуваат како пропаднал трансферот на Хаким Зијеш во ПСЖ, раководството на Челси дури во три наврати испратило погрешни документи па „светците“ не успеале на време да ја комплетираат зделката.

Франција

ПСЖ се обиде во јануари да донесе засилување за нападот, „светците“ се поврзуваа со неколку имиња и вчера се чинеше дека конечно ќе донесат нов играч, Хаким Зијеш пристигна во Париз на лекарски прегледи.

Но наместо официјална потврда за трансферот, доцна синоќа пристигна информација дека зделката пропаднала, ПСЖ не успеал на време да ја достави документацијата.

Како што пишува новинарот Бруно Саломон, раководството на Челси били толку многу фокусирано на тоа како да го ангажира Енцо Фернандез од Бенфика, па посветило малку време на позајмицата на Хаким Зијеш во ПСЖ.

Тој открива дека „сините“ дури во три наврати на ПСЖ му испратиле погрешни документи.

Шампионот на Франција достави жалба а како што пренесува Л’Екип, правната комисија на ЛФП утрово ќе се сретне и ќе одлучи дали ПСЖ ќе може да го комплетира трансферот на Хаким Зијеш.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.