24фудбал

Заниоло размислува да ја тужи Рома за мобинг и психолошки притисок

Николо Заниоло ризикува дополнително да го наруши односот со Рома, размислува да бара правда на суд поради последните случувања.

Италија

Младиот фудбалер наместо да биде благодарен на Рома која имаше големо трпение со него откако пристигна во клубот, тој влегува од грешка во грешка.

Последната вест е дека Заниоло и неговиот тим ја разгледуваат можноста да го тужат клубот за мобинг и психолошки притисок по неговата одлука да побара трансфер.

Фудбалерот е отстранет од првиот тим, но мора да се појавува на индивидуални тренинзи. Се очекува од јуни да не одигра ниту еден натпревар, а тогаш да има нов обид да биде продаден.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.